Египетскиот претседател Мохамед Морси ги распиша вчера парламентарните избори, кои ќе бидат одржани од 27 април до јуни, во вкупно четири фази.
Како што е наведено во претседателскиот декрет, Народото собрание конститутивната седница ќе ја одржи на 6 јули.
Морси и Муслиманските браќа, чија поддршка ја ужива, се надеваат дека на изборите ќе биде ставен крај на бурниот период на политичка транзиција во Египет, кој е проследен со бранови насилство, што е препрека за напорите на Морси за заживување на економијата.