Хит комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ во Велешкиот театар

Од:

На Големата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес, вечер со почеток во 20 часот ќе гостува независниот театар „Провокација“ со хит комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ во режија на Ѓорѓи Ризевски, со актерите Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Дарко Вељиќ.

Како што појаснуваат од велешки театар, станува збор за реално комично шоу кое веќе трета сезона се изведува на сцената на Театар Комедија и досега има над 50 изведби во повеќе градови во Македонија.

Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во реално шоу и двајцата се со поодминати години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи. Тука е и келнерот, кој е водител на шоуто и кој комуницира со публиката. На секоја изведба публиката, по пат на гласање ги избира сцените кои сака да ги погледне, и со тоа, самата таа избира накаде ќе се развива претставата. Секој избор завршува со конфликтна ситуација која нуди нови три избори, по што публиката повторно гласа. Ова е принципот по кој се гради претстава и заради кој секоја изведба е непредвидлива и за публиката и за актерите и е поразлична од претходната.

Костимите за претставата се на Елена Лука, а сценографијата на Роберт Ристов, кој токму за улогата на Џота ја доби наградата од меѓународното жири на НЕТА за најдобра машка улога на фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“