Албанската полиција заплени сто килограми марихуана

Од:

Полицијата во Тирана заплени сто килограми марихуана и уаспи три лица кои ја транспортирале дрогата.

Портпаролката на полицијата во Тирана, Алма Катраѓини, на прес конференција соопшти дека се уапсени албанските државјани Фатмир Зеќај, Сокол и Еди Мечај.

Таа додаде дека тројцата се уапсени на улицата „Ирфан Тормини“ во моментот кога ја транспортирале марихуаната, јави дописникот на МИА од Тираа.

– Запленетата марихуана требало да заврши на тиранскиот нарко пазар. Полицијата продолжува со истрагата за идентификација на други лица вмешани во трговијата со дрога, изјави Катраѓини.

Од почетокот на годинава само албанската полиција има запленето околу два тона марихуана, главно произведена во селото Лазарат, познато по производство на холандски сорти канабис сатива.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски