Град Скопје: Демант на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соработката со компанијата ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ Скопје.

Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени за досегашната соработка со оваа компанија, како и за наводните нерегуларности.

Сакаме да ја информираме јавноста дека нашата соработка се заснова на јавен повик за јавна набавка распишан од Градот Скопје, која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Град Скопје ја уверува јавноста дека сите законски прописи се запазени и дека нема никаков простор за сомнежи и шпекулации, а воедно апелира до сите компании и приватни лица, доколку имаат какви било забелешки и индиции дека постои некакво прекршување на законот, истото да го пријават до надлежните институции.

Станува збор за Јавна набавка за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот, која е целосно легална и постапката за истата е извршена согласно сите законски норми. Оваа јавна набавка е во зголемување на техничките можности на Инспекторатот на Град Скопје во мапирањето на диви депонии, а во насока на подобрување на животната средина и борбата против создавањето на диви депонии.

Посочената компанија која е избрана на јавниот повик е компанија со која Град Скопје има соработка и во минатото, поточно во 2016 година, кога истата по пат на јавна набавка е избрана за Изработка на видео документација за тековни инвестициони и инфраструктурни проекти на Град Скопје. За потсетување, во 2016 година градоначалник на Град Скопје и потписник на овој договор е Коце Трајановски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во демантот на Град Скопје на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат