Прва јавна дискусија за Националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркултурализам

Од:

Првата од серијата јавни дискусии на Владата за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

На дискусијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска и Алберт Муслиу, прв извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

На настанот ќе биде презентиран и нацрт текстот на стратегијата по кој следи и дискусија со присутните претставници на граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор, претставници од државните институции и граѓански активисти.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски