ВИДЕО: Ременски vs. Спасовски – кој ќе дава одобрение за тајните агенти?

Од:

За посебната истражна мерка поврзана со лицата со прикриен идентитет да одлучува Судот наместо директорот на новата Агенција за националан безбеднсот која треба допрва да се формира наместо УБК, предложи пратеничката Фросина Ташевска Ременски на денешната амандманска расправа на комисијата за бебзбеднсот. Според неа на тој начин ќе се спречат можни злоупотреби директорите неовластено да создаваат параполициски движења на државна сметка, а како пример ги посочи настаните од 27 април и Александар Василевски Нинџа кој на судењето се претстави како таен агент ангажиран од УБК. На иста линија со Ременски беше и пратеникот Павле Богоевски кој направи паралелеа со законот за следење на комуникациите.

-Имајќи предвид дека и во актуелни судски постапки на СЈО, во кои како сведоци се повикуваат лица кои ги обезбедиле незаконски следените комуникации, во кои слушавме изјави од обвинети и од лица кои се во самото обвинение дека биле ангажирани како агенти, извршувале одредени активности по наредба од обвинети лица во постапката на СЈО. Меѓутоа, никој досега не даде одговор дали и по кој основ тие лица се ангажирани. Говорам конкретно за изјавата на т.н. Нинџа, кој излезе со тврдење дека бил ангажиран од Управата во извршување на некакви специјални задачи, изјави Ременски.

Министерот Оливер Спасовски го одби овој амандман како и повеќето од пратениците од власта и опозицијата. Едно од образложенијата беше дека со можноста директорот на агенцијата да одлучува за лицата со прикриен идентитет, се дава поголема можноста за оперативност на Агенцијата , а како второ агенцијата како што рече тој не работи по законот за кривична постапка.

-Во моменти кога ќе се потврдат доволно индиции и ќе има сериозен сомнеж дека некој може да го загрози уставниот поредок и има група за криминал, тогаш мерки презема Јавната безбедност и имаме тогаш утврдување посебни истражни мерки по Законот за кривична постапка. И во тој закон не стои дека судот определува посебна истражна мерка користење лица со прикриен идентитет за следење и прибирање информации и податоци, рече Спасовски.

Вкупно се поднесени околу 90 амандмани за агенцијата за безбедност, а на дневен ред е и законот за координација на безбедносно разузунавачката заедница.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати