А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ципрас: Сакав да најдеме решение и со Груевски, но тој одбиваше

by А1он20/05/2019 - 15:52215
Share0

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба. За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и сл. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас и реков: сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение, наведува Ципрас.

Меркел, како што раскажува грчкиот премиер, му одговорила дека не му верува бидејќи сите негови претходници не сакале да го отворат ова прашање, а особено поранешниот премиер Андонис Самарас.

– И реков дека моето мислење е поинакво, оти Грција ќе има корист ако успееме да ги решиме споровите со нашите северни соседи. Грција има доволно разлики со соседите на исток – и не ни требаат повеќе проблеми со нашите северни соседи, особено ако се земји кои не се закана за нас, изјави Ципрас.

Следете a1on на Youtube YouTube

За постигнатиот договор за името со Зоран Заев, за што пратеници во Европскиот парламент ги номинираа за Нобелова награда за мир, Ципрас вели станува збор за балансирано и обострано корисно решение.

-Се чинеше дека единствената разлика беше името. Но, не беше само името – туку и нашата историја и нашиот идентитет. Тоа ги правеше работите многу тешки. Мислам дека постигнатиот договор е балансиран. Никој не ја доби својата позиција 100 проценти… Северна Македонија е мала земја со 2,5 милиони луѓе. Ако имаме нормална врска, оваа земја би можела да биде стратешки партнер за Грција, поле за инвестиции, за отворање пазари, вели Алексиси Ципрас во интервјуто за „Фајненшел тајмс“.

grcijamakedonija

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 20:52

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 18:24

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:59

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:4519/06/2026 - 14:46

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:0919/06/2026 - 18:24

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 13:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто