ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што трудот и маката на земјоделците вистински се вреднуваат и што кај земјоделците завршуваат повеќе пари. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди само лажни вести, блокади и деструкции. За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците, се реализираат бројни мерки кои обезбедуваат унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Во таа насока е и мерката „зелена нафта“ со која се овозможува 30 отсто субвенционирање за набавка на нафта за земјоделска механизација за земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Преку оваа мерка 200 милиони денари ќе се вратат назад кај околу 55.000 земјоделци, ќе се намалат трошоците за земјоделското производство кое ќе стане поконкурентно. Зголемените субвенции кои се исплаќаат неселективно и навремено, зголемената поддршка за младите земјоделци се само дел од мерките што го развиваат и унапредуваат земјоделството и што обезбедуваат добри услови за работа на земјоделците, велат од СДСМ.
Дека земјоделството се движи во добра насока, показател и е податокот на Државниот завод за статиските според кои извозот на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 е за 8 отсто поголем во однос на 2018 година, а раст бележат и откупот и продажбата на земјоделски производи кои во првиот квартал се повисоки за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година. ВМРО-ДПМНЕ може да лаже и да се однесува лицемерно колку сака, граѓаните го препознаваат одгворниот пристап на Владата предводена од СДСМ која останува посветена на развој и унапредување на земјоделството како една од клучните стопански гранки, заклучува СДСМ.