Гласачите во Швајцарија денеска на референдуми ги одобрија измените на законите за корпоративниот даночен и на пензискиот систем и на законските одредби за заострување на условите за поседување на оружје.
Како што соопшти Централната изборна комисија, за измените на законите за даночен и пензиски систем се изјасниле 66 отсто од избирачите што го искористија своето гласачко право, додека 34 проценти биле против.
Швајцарскиот претседател и министер за финансии Уели Маурер ги поздрави резултатите од референдумот, нагласувајќи дека одобрувањето на измените е од витално значење, бидејќи на тој начин ќе се спречи Швајцарија да добие статус на земја „даночен одметник“, што би претставувало „егзистенцијална закана за државата“.
На вториот референдум, пак, измените на законот за оружје ги одобриле 67 проценти од избирачите, а 33 биле против.
Одбивањето на овие измени ќе ја доведеа Швајцарија пред можноста да биде исклучена од европските договори од Шенген и од Даблин, кој земјата ги почитува иако не е членка на ЕУ.
Заострените услови за поседување оружје се однесуваат на полуавтоматското оружје со големи шаржери и на некои видови пушки.