Американскиот Стејт департмент одобри продажба на рекети за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во вредност од 314 милиони долари, соопшти Пентагон.
Во соопштението се наведува дека на Јужна Кореја, која е клучен американски сојузник во Азија, и е одобрена продажба на 94 ракети СМ-2, како и 12 системи за наведување и техничка поддршка.
Ваквата најава се очекува да предизвика реакции во Северна Кореја, која неодамна го критикуваше Сеул поради набавката на ново оружје од САД, кое вклучуваше и авион од типот Ф-35.