Шефот на украинската дипломатија поднесе оставка

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин денеска поднесе оставка на функцијата преку видео објавено на неговиот профил на Фејсбук, во кое најавува и дека ќе се кандидира за пратеник во Парламентот на Украина, Врховната рада.

Во видеото Климкин најавува дека својата писмена оставка ќе ја достави до Врховната рада и до новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски, што, според него, претставува „коректен потег од аспект на политичката култура“.

– Имам голем број идеи, кои се надевам дека ќе бидат имплементирани. Поради тоа сакам да станам член на Врховната рада, заедно со тим со кој ќе ја споделувам мојата визија за иднината, вели Климкин во видеото.
Климкин ја презеде должноста шеф на украинската дипломатија во јуни 2014 година.

Најавата за оставката на Климкин уследи откако претставник на Врховната рада денеска соопшти дека најбројната пратеничка група во Парламентот, Блокот на Петро Порошенко (БПП), се распаднала, откако од коалицијата истапила партијата Народен фронт. БПП беше пратеничка група што ја поддржуваше Владата на украинскиот претседател во заминување Петро Порошенко, чиј мандат официјално истекува в понеделник.

Партиите во Врховната Рада сега имаат рок од еден месец да формираат ново парламентарно мнозинство или во спротивно шефот на државата може да го распушти Парламентот и да распише предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски