Јапонски авиони детектирааа траги од ксенон-133 за време на истражувачките летови над Јапонија, еден ден откако Северна Кореја ја изврши третата нуклеарна проба минатата недела, соопшти денеска Министерството за наука.
Присуството на радиооактивна материја во воздухот изнесувало 1,9 милибакерели на кубен метар и откриено е во примероците собрани на висина од 300 метри долж брегот на префектурата Аичи во централниот дел на Јапонија.
Тоа е првпат Јапонија да открие ксенон-133 од кога ја зајакна контролата на радиоактивноста по севернокорејската нуклеарна проба од 12 февруари.
Ксенон-133 може да се најде во воздухот не само по атомските експлозии туку и по испуштањето од нуклеарните централи и медицинските институции.
Претставници на јапонското Минисетрство за наука изјавија дека не знаат дали пронајдениот ксенон е поврзан со подземната проба во Северна Кореја.
Јужнокорејски воени бродови и авиони опремени со инструменти за откривање на радијација ангажирани се веднаш по подземната проба, но ништо не откриле.