Америка је зафати „епидемија“ на закони за абортус

Од:

После Алабама, и американската сојузна држава Мисури усвои закон за забрана на абортусот, јавија американските медиуми.

Законот, со кој на жените им се забранува да абортираат по осмата недела од бременоста, лесно помина во Сенатот на Мисури, со кој раководат републиканци. Законот, иако е сличен со тој во Алабама, сепак има исклучоци според кои абортус може да се изврши и после осмата недела, само во исклучителни случаи, односно поради медицински причини.

Американските медиуми коментираат дека САД ги зафатила „епидемија“ на усвојување закони со кои на жените им се забранува да абортираат, дури и ако се силувани. До сега такви закони усвоиле американските сојузни држави Кентаки, Мисисипи, Охајо, Џорџија, а пред Мисури тоа го направи и Алабама, чија гувернерка денеска стави потпис на законот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија