Штрајк на вработените во државните болници во Грција

Од:

Од утрово, вработените во државните болници во цела Грција започнаа 24-часовен штрајк, организиран од нивната федерација, поради состојбата во грчкото здравство, јави дописничката на МИА од Атина.

– На јавното здравје потребни му се инвестиции во човечките ресурси, медицинска опрема и инфраструктури за да прекинат луѓето од нивниот џеб да плаќаат учество или да ги плаќаат сите трошоци, велат од грчката Федерација на вработени во државните болници.

Тие коментираат дека ситуацијата во приватниот сектор „цвета“ поради недостигот на болнички персонал и медицинска опрема во државните болници. Врз основа на податоците од Министерството за здравство на Грција, од федерацијата истакнуваат дека персоналот во болниците, моментно е за 6.000 лица помал во споредба со 2014 година.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија