Двегодишно дете почина на границата меѓу САД и Мексико

Од:

Едно двегодишно дете од Гватемала почина после преминување на американско-мексиканската граница и задржување од страна на граничната патрола на САД, соопшти денеска официјален претставник на Гватемала.

Како што јавија некои американски медиуми, се работи за четвртиот малолетник кој од декември починал откако бил задржан од гранична патрола.

Конзулот на Гватемала во Дел Рио, Теканди Паниагва, објасни дека детето и неговите родители на почетокот на април влегле во градот Ел Пасо на границата на САД со Тексас.

Тој наведе дека детето било однесено во болница, каде поради дијагностицирано запаление на белите дробови останало еден месец, но починало во вторникот.

Заштитниците на правата на мигрантите долго време го поставуваат прашањето за способноста на граничните патроли да се грижат за илјадници приведени деца и нивните родители, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија