Германија привремено ја прекинува воената обука во Ирак

Од:

Германија донесе одлука за прекин на обуката на ирачките вооружени сили од страна на германски инструктори, поради зголемувањето на тензиите во регионот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин.

Министерството објасни дека ваквата одлука е донесена бидејќи Германија има одредени сознанија оти постои ризик од напади поддржани од Иран.

Сепак, Министерството нагласува дека ова не значи целосно откажување на обуките, тука само нивни привремен прекин и дека тие ќе продолжат во иднина.

Германскиот магазин „Фокус Онлајн“ информира дека Берлин ја донел ваквата одлука во координација со државите сојузнички од коалицијата за борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Нападната е американска воена база во Ирак

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија