Американската армија синоќа ја повтори загриженоста од евентуални непосредни закани по своите војници во Ирак од силите кои имаат поддршка од Иран и го зголеми нивото на готовност.
– Операцијата „Вродена одлучност“ сега е на високо ниво и продолжуваме внимателно да ги надгледуваме веродостојните и евентуални непосредни закани по американските сили во Ирак, изјави портпаролот на Командата на американската армија, генерал Бил Урбан.
Иранските власти тврдат дека САД водат психолошка војна, а иранската Револуционерна гарда соопшти дека Техеран ќе возврати на какви било агресивни американски акции.