Кошаркарите на турскиот „Анадол Ефес“ долго ќе го паметат заедничкото дружење на концертот за класична музика.
Тимот на тренерот, Октај Махмути во која се и српскиот репрезентативец Душко Савановиќ, словенецот Саша Вујичиќ, Џордан Фармер и туската ѕвезда Семих Ерден и други, не ни помислуваат што ги чека во концертната сала.
После воведните тонови во класичната музика и неколку минутно опуштање во мирни звуци, еден од гледачите стана и запеа.
Кошаркарите беа во шок. На гледачот му се придружија и уште десетина, се додека целата сала не почна да пее за својот омилен клуб.
Навивачите, носејќи знамиња и шалови, прередија вистински спектакл, кој не се памети.