„Трета македонска бригада“ ќе прерасне во булевар

Од:

Град Скопје годинава ќе почне со проширување на улицата „Трета македонска бригада“ во булевар. Должината на булеварот ќе изнесува 2.100 метри, ќе има четри ленти, зеленило во средишниот дел, ново осветлување и нова атмосферска канализација. Проширувањето треба да заврши до крајот на годинава.

Почетокот на градежните работи денеска го означија градоначалниците на Град Скопје и на Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

– Во буџетот за 2013 година Град Скопје има предвидено средства за овој булевар. Ќе се работи во неколку фази, во зависност од финансиските средства и од расчистувањето на имотно-правните односи, изјави Трајановски.

Според него, овој булевар е многу значаен за жителите на општина Аеродром поради големиот проток на возила и индустриските и стопански објекти, кои се лоциранио таму.

– Град Скопје сака да направи за секоја општина два до три влезови и излези кон центар. Покрај булеварот „Јане Сандански“, ова ќе биде второто булеварско решение за општина Аеродром, додаде Трајановски.

Градоначалникот Коневски истакна дека Аеродром ќе добие уште една широка сообраќајница, ќе се реши сообраќајниот метеж и ќе се обезбедат подобри услови за живот. 

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје