ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Макрадули се плашат од проектите кои секојдневно ги реализира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ и Јани Макрадули се плашат од проектите и мерките кои секојдневно ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, а кои наидуваат на поддршка од граѓаните, се наведува во реакцијата на владејачката партија на изјавата на Јани Макрадули од СДСМ.

Сите проекти на единиците на локалната самоуправа и на Владата, кои се реализират се редовни активности, кои се во согласност со програмите и буџетите на Република Македонија или единиците на локалната самоуправа. Сите овие проекти и мерки се изгласани или од Собранието на Република Македонија, или од страна на Советите на општините, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не станува збор за никакви вонредни, туку се работи за редовни активности кои се случуваа и пред една недела, и пред еден месец и пред една година. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да гради и реализира проекти и мерки  кои се во интерес на граѓаните,  како изградба на нови училишта, амбуланти, болници, пензионерски домови, катни гаражи, како и изградба и  реконструкции на улици и патишта, а Јани Макрадули и понатаму ќе продолжи да плука по се она што се гради, се наведува во текстот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми