Пожарникари извлекуваа повреден возач од превртено возило на патот Тетово-Јажинце

Од:

Четириесет и петгодишен жител на тетовско Рогачево беше извлекуван од страна на пожарникари од неговото возило, откако излетал и се превртел додека возел по регионалниот пат Тетово-Јажинце денеска после 12.00 часот.

Според првичните информации на тетовската полиција поради излетувањето тој се здобил и со телесни повреди, но останал контактибилен.

– Сообраќајната незгода се случила на патот Тетово-Јажинце околу пладне во атарот на село Беловиште. Поради засега неутврдени причини возилото марка „Пежо 307“ кое го управувал Б.Ј. (45) од Рогачево излетало од коловозната лента, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Возачот бил сам во возилото, а по извлекувањето е однесен во тетовската клиничка болница со возило на итната медицинска помош. Увид на местото започнаа да вршат јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски