Граѓаните и фирмите ќе можат он-лајн да ги следат предметите за приватизација

Од:

Граѓаните и фирмите од денеска на порталот privatizacija.finance.gov.mk ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР Шасине Касами ја презентираа платформата.

-Нема веќе предмети во фиока. Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет – од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот – до архивирање – рече Тевдовски.

Тој посочи дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврѓи дигитализација на процесите.

-Постапката за користење е многу едноставна. Се што ви треба од податоци се архивскиот број на предметот, кога е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен. Доколку не ја знаете катастарската парцела или општината, доволно е само да го внесете својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на вашиот е-маил доставува податоци до каде е вашиот предмет – рече Тевдовски и посочи дека засега на платформата се внесени предмеите од 2018 и 2019 година, додека во рок од една година ќе се внесат и сите предмети.

Директорката на УИПР Касами рече дека платформата privatizacija.finance.gov.mk е само еден од чекорите кои ги Управата за ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите Управа за имотно правни работи.

– Порталот за проверка на статус на предмети за приватизација е направен во рамки МИС системот, изработен во 2013 година со поддршка на проект од Светска банка. Иако и тогаш постоела опција да се направи ваква платформа, таа можност не била искористена. Ние ја искористивме оваа можност за да им понудиме подобра услуга на граѓаните. Наша цел е да бидеме ефикасна Управа, која ќе им служи на граѓаните и фирмите и ќе понуди квалитетна услуга-рече Касами.

Касами посочи дека се работи на решавање на поднесените предемти за приватизација и дека од 310.000 поднесени, останати се околу 90.000 предмети за решавање.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска