Орбан ќе се сретне со Трамп

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за трговски и енергетски прашања, вклучувајќи и продажба на оружје.

Американски официјални претставници изразија загриженост поради антисемитизмот во цела Европа, вклучително и во Унгарија, и поради ставот на Орбан против мигрантите, јави ДПА.

Тие изјавиле дека Трамп ќе изрази загриженост во врска со европската зависност од руската енергија и за „вечните“ прашања во врска со сојузниците на НАТО кои не ги исполнуваат целите за трошоци во одбраната.

Американскиот претседател, исто така, ќе дискутира и за загриженоста околу кинеските телекомуникациски компании кои ќе добијат пристап до европските пазари, кои Вашингтон ги смета за закана за безбедноста.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски