Интензивно опожарување на контејнерите на скопските улици

Од:

Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска.

Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во општината Карпош, како и еден на главната улица во општината Ѓорче Петров. Најголемиот дел од опожарените контејнери се целосно уништени и утринава беа заменети со комплетно нови садови.

„Покрај финансиската штета што му е нанесена на Претпријатието, опожарувањето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме до Инспекторатот на Градот Скопје и инспекциските служби при општините да преземат засилени мерки за надзор и санкционирање на сторителите на овие инциденти, со цел – да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски.“-изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Аеродром собра 10 тони отпад за еден ден

„Комунална хигиена-Скопје“: Општина Чаир ни должи седум милиони денари

Перински: Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите

Предраг Петровиќ

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Опожарени контејнери во Ѓорче Петров

Ана Ололовска