ВИДЕО: „Дрво за секое дете“ – на новиот дрворед на Кеј поставени плочки со имиња на новороденчињата

Од:

Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.

– Денеска, заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко-акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Плочките се напишани на јазикот што ќе го одберат родителите. Нам ни е битно детето да се врзе за овој град – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој ги повика идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, да учествуваат во оваа благородна акција и да имаат свое дрво во главниот град.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот