Крстарењата често пати се рекламираат како луксузно бегство од стресната монотонија на секојдневието и повеќето крузери навистина се фантастични. Но кога ќе се случат несреќи, овие големи бродови се претвораат во вистински затвор на паниката.
Големите бродови за крстарење се гордеат со добрата забава, вкусната храна, авантурите, релаксирањето и посетата на многу знаменитости. Во најголемиот број случаи навистина е така. Од друга страна се уште е свежо сеќавањето на тоа што се случи со Коста Конкордија.
1. Препуштени на судбината и немоќни
Крузерот Триумф пет дена пловеше во Мексиканскиот Залив, бидејќи пожарот во машинскиот дел ги пресече погонот на бродот, одводите за канализација, греењето и клима уредите. Наместо опуштање и уживање, 4.200 патници и членови на екипажот ги поминуваа ноќите на тепих нечист од фекалии, јадеа кечап и земички и вршеа нужда во пластични ќеси. Кога пристигнаа во пристаништето во Алабама на 14 февруари, некои од патниците клекнаа на колена и ја бакнаа земјата под себе.
2. Пирати
Крузерот Мелоди, кој во април 2009 година, тргна на луксузно патување од Јужна Африка до Италија со илјада патици и 500 членови на екипажот, само неколку дена подоцна беше опколен од пирати, кои отворија оган. Обезбедувањето на бродот возврати, што ги задржа напаѓачите, се додека крајбрежната стража со помош на шпанската морнарица не ги совладаа деветмината напаѓачи и го испратија бродот во безбедни води.
3. Пловеше насукан и превртен
Коста Конкордија ја претрпе најголемата катастрофа во поновата историја на крузерите, кога во јануари 2012 година по само три часа од испловувањето удри во карпа. Бродот веднаш потона и таму и застана. Кога бродот драматично се накриви паниката експлодира меѓу патниците, кои крадеа елеци за спасување едни од други и скокаа во водата, наместо да ги чекаат чамците за спасување. Во несреќата загинаа десетици патници и членови на екипажот од 4.229, колку што беше нивниот вкупен број. Еден патник го спореди своето застрашувачко искуство со катастрофата, која го снајде Титаник.