Еден загинат и дваjца повредени во сообраќајка во Кичево

Од:

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила 15 минути по полноќ на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на „Жито Караорман“ на булеварот што поминува низ Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека на самото местот животот го загубил Л.Е. роден 1991 година од Кичево, а возачот Д.М. роден 1984 година и уште еден сопатник А.А. се полесно повредени и пуштени се на домашно лекување.

До несреќата дошло откако возачот на патничкото моторно возило „мерцедес“ управувано од Д.М. кое се движело кон Охрид изгубило контрола и излетало преку зелениот појас на булеварот и директно удрило во метален електричен столб.

Според првичните информации на полицијата, причина за несреќата е пречекорување на дозволената брзина.

Увид на местото извршиле полициски екипи, истражен судија и јавен обвинител од Основниот суд – Кичево.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски