Национален натпревар на ученички компании

Од:

Национален натпревар на ученички компании ќе се одржува денеска од 10 до 17 часот во трговскиот центар „Веро џамбо“ во организација на „Џуниор ачивмент Македонија“. На еднодневниот настан ќе учествуваат средношколци кои пред жири и публика ќе ги претстават производите и услугите што ги развивале во својата ученичка компанија.

На натпреварот ќе учествуваат 20 ученички компании од 15 средни училишта од 11 градови од земјава. Ќе се натпреваруват сто средношколци со поддршка на 25 наставници од Скопје, Битола, Кавадарци, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струга, Охрид, Прилеп и Ресен.

Учениците предводени од одговорниот наставник ќе презентираат што сработиле во текот на учебната година. Брендирани со свој штанд, име и лого на компанијата, секоја ученичка компанија ќе се обиде да го импресионира жирито со својата бизнис-идеја и да се натпреварува за наградниот фонд обезбеден од организаторот.

Најавени се обраќања на министрите за образование и наука и за економија, Арбер Адеми и Крешник Бектеши, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Република Северна Македонија и Љупка Панчевска, извршен директор на „Џуниор ачивмент Македонија“ – член на светската мрежа „Junior Achievement Worldwide“ основана во 1919 година.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование