Туристичките можности на земјава од неодамна се достапни на веб страницата http://www.macedoniafromabove.
Примарна цел на веб страницата е да овозможи виртуелна прошетка низ Северна Македонија и нејзините градови, села, туристички локации, хотели, ски центри и други локации.
Прошетката се одвива преку поврзани 360° интерактивни панорами направени од воздух и влегување во туристичките објекти со исти такви 360° панорами, направени од земја. Почетната сцена е над плоштадот во Скопје, од која, со клик на означените други локации се пристапува кон следната 360° панорама.
На секоја 360° панорама се поставени ознаки за објекти од туризмот, споменици, музеи, хотели и сите други објекти интересни за туристите, проследени со информативни текстови, слики, видеа, телефонски броеви, линкови кон други веб страни и слично.
За виртуелната прошетка може да се користат сите апарати кои имаат пристап до интернет – компјутери, таблети, телефони, Smart TV… како и со 3Д очила.