САД и Јужна Кореја соопштија денеска дека организираат двомесечни заеднички маневри – военопоморски, военовоздухопловни и копнени.
Годишните маневри, наречени „Млад орел“, ќе траат од 1 март до 30 април. Во периодот од 11 до 21 март се предвидени и компјутерски стимулации.
Пјонгјанг редовно упатува критики против воените маневри, кои се спроведуваат од Сеул и Вашингтон, во кои гледа обука за навлегување во северниот дел на полуостровот.
Двете држави сојузнички одговараат на тие критики дека маневрите имаат само одбранбен карактер.
Оваа година во „Млад орел“ ќе учествуваат 10.000 американски и уште поголем број јужнокорејски војници. САД поддржуваат воено присуство во Јужна Кореја од времето на Корејската војна (1950-1953) и во моментот располагаат со 28.500 војници на нејзина територија.