Португалската полиција заплени 380.200 лажни евра

Од:

Португалската полиција денеска соопшти дека запленила 1.901 фалсификувана банкнота во апоени од 200 евра, со вкупен износ од 380.200 евра.

Ова е најголемата заплена на фалсификувани евра во светот.

Полициската операција е извршена во вторникот во Порто, град во северниот дел на Португалија, при што е приведен 46-годишен маж.

Фалсификуваните банкноти, според полициските власти, се со многу висок квалитет.

Банкнотите од 200 евра се идентификувани уште од 2002 година во голем број земји, вклучително Шпанија, Германија, Италија, Бугарија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија