Акцелераторот УКИМ ќе разменува искуства за стартапи со студенти од Луцерн

Од:

Стотина студенти од Северна Македонија и од Швајцарија од денеска до 11 мај ќе разменуваат искуства за развој на нови бизниси и претприемништво на техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“(УКИМ).

Акцелераторот УКИМ првпат ќе биде домаќин на група од шест професори и седумдесеттина студенти запишани на мастер програма за бизнис и администрација од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн во Швајцарија. Програмата за стекнување нови знаења преку размена на искуства за македонски нови бизниси (стартапи) и студентски тимови од Швајцарија е насловена „Booster week –Developing Entrepreneurship Together”. Ја организираат Акцелераторот УКИМ, во партнерство со Центарот за претприемништво и развој (ЦЕЕД Хаб Скопје), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн.

Со оваа програма, ќе почне соработката помеѓу двата универзитети која има цел да го потпомогне развојот на претприемништвото и иновациите кај нас. Македонските стартапи ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења и да разменат искуство со гостите од Швајцарија. На 14-т естартапи ќе им биде обезбедена менторска поддршка за унапредување на нивните бизнис модели и постоечките технолошки решенија.

Учесниците од држвава се дел од првата предакцелераторска програма наменета за студентите на УКИМ, и акцелераторската програма за стартапи при Акцелераторот УКИМ. Целта на интерактивнитеработилници под менторство на гостите од Швајцарија е дасе овозможи побрз пристап доглобалниот пазар за производите на македонските стартапи. Постигнатите резултатите ќе бидат презентирани пред професорите од двата универзитета на 11 мај во Техничкиот кампус на УКИМ.

Програмата почнува вечер со официјално отварање во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Машински факултет. Предвидени се обраќања на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, како и на Рене Зеир од Универзитетот за применети науки и уметности Луцерн и Александар Стамболиев, извршен директор на Акцелератор УКИМ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето