Новиот јапонски цар по првпат му се обрати на народот

Од:

Јапонскиот цар Нарухито, првпат од преземањето на престолот, ја поздрави јавноста, изразувајќи надеж дека Јапонија и натаму ќе стреми кон мир.

Во костум, заедно со својата сопруга, царицата Масако, од балконот на својата резиденција тој им се заблагодари на луѓето на честитките. Нарухито рече дека е длабоко благодарен и задоволен од прередената свеченост.

– Ви посакувам здравје и среќа и искрено се надевам дека нашата земја ќе продолжи со зачувувањето на светскиот мир, рака под рака со другите земји, и дека и натаму ќе се развива, истакна царот.

На прославата присуствувале повеќе од 140 илјади луѓе.

Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови