Бела куќа: САД го следи лансирањето на ракетите на Северна Кореја

Од:

Белата куќа го следи лансирањето на ракетите на Северна Кореја, изјави денеска портпаролката Сара Сандер, откако јужнокорејската армија соопшти дека Пјонгјанг испали неколку проектили со краток дострел од источниот брег на земјата кон океанот.

– Свесни сме за активностите на Северна Кореја и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата, рече Сандерс.

Министерството за одбрана на Јапонија соопшти дека севернокорејските проектили не паднале на јапонска територија, ниту во нејзина близина и дека земјата не е безбедносно загрозена.

Светските агенции пренесуваат дека Јапонија избегнува каков било остар одговор, бидејќи премиерот Шинзо Абе сака да оствари средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Северна Кореја денеска испали неколку проектили со краток дострел од источниот брег на земјата, кои летаа од 70 до 200 километри во правец на североисток.

Првично, од Сеул беше кажано дека е во прашање лансирање на ракета, но армијата подоцна даде друг опис на настанот.

Како што пренесуваат странските медиуми, доколку станува збор за ракета, тоа ќе биде првото лансирање откако Северна Кореја во ноември 2017 година испали интерконтинентална балистичка ракета.

Веднаш потоа, Пјонгјанг соопшти дека нуклеарниот арсенал на земјата е комплетиран, а потоа изрази подготвеност за мировни преговори со Јужна Кореја и САД.

Аналитичарите оценуваат дека Пјонгјанг го зголемува притисокот врз САД, по неуспешниот февруарски самит во Ханој за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски