ДОМ: Со Пендаровски да продолжиме заедно напред!

Од:

ДОМ ги повикува сите граѓани, во недела, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„Со изборот на Пендаровски, избираме стабилност, просперитет и евро-атлантска перспектива за нашата земја. Тоа е вистинскиот избор за економски раст и благосостојба, демократија, почитување на човековите права и слободи, владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, социјална правда, еднакви можности за сите, солидарност, како и заштита на животната средина и борба против климатските промени.

Со изборот на Пендаровски, избираме Претседател кој ќе обединува и ќе работи во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиска или политичка припадност.

Затоа, на 5 мај, во демократска и фер изборна атмосфера, да гласаме за Стево Пендаровски и да продолжиме заедно напред за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски