Можна средба Лавров – Помпео во Финска

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека постои можност за средба помеѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Финска за време на министерската средба на Арктичкиот совет.

– Не ја исклучуваме можноста за средба, се посочува во соопштението од руското МНР.
На 6 и 7 мај во финскиот град Рованиеми ќе се одржи состанок на Арктичкиот совет, на кој ќе присуствуваат Лавров и Помпео.

Се очекува нивната средба да биде на маргините на состанокот, а главна тема да биде Венецуела.

Претходно, Лавров изјави дека за време на денешниот телефонски разговор со Помпео се договориле да продолжат контактите во Венецуела.

– Се договоривме да ги продолжиме контактите, посебно во Венецуела. Не гледам начин на кој би можеле да се комбинираат ставовите – нашиот став од една страна, кој се заснова на Повелбата на ОН и принципите и нормите на меѓународното право и ставовите на САД, од друга страна… бараат легитимните власти да капитулираат и се закануваат со употреба на сила во исто време со репресивни санкции со цел промена на режимот, посочи Лавров.

Тој додаде дека ставовите се неспоиви, но оти Русија е подготвена да разговара.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски