ВИДЕО: Протестот на ССМ најмасовен, се делеа маички и сендвичи

Од:

Најмасовен првомајски протест денес беше протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Почна пред зградата на ССМ со турканица за сендвич, сок и маичка. Се делеа црвени и сиви маички но немаше за сите, се пресоблекоа само оние што беа упорни во туркањето.
Мото на првомајскиот марш на ССМ беше „Не може да се одлучува за нас, без нас“.

Со транспаренти на кои беше испишано „Регрес за годишен одмор за сите“, „Платите да пораснат, младите да останат“, „Сабота и недела денови за неделен одмор“ и ред други се маршираше покрај Собрание, покрај Министерство за правда покрај Поштата до Влада.

Пред Влада, претседателот на ССМ Дарко Димовски го прочита мајскиот проглас со барањата кои му ги доставија на премиерот Зоран Заев и на социјално економскиот совет.

„ССМ се залага и бара поголеми инвестиции, подобри економски политики и обезбедување на правото на работа за сите.

За креирање реално одржливи работни места, за повеќе работни места за жените, младите и лицата со попреченост, за сигурност на работните места и договори за вработување на неопределени работно време, стоп за договорите на определено работно време, здрави и безбедни работни места, минимална плата од најмалку 13.800 денари, повисоки лати за младите да останат, обезбедување социјална заштита и сигурност, стабилен пензиски систем, стоп за подигање на границата за пензионирање, зголемување на испратнината при отказ најмалку за 12 плати, сабота и недела денови за работен одмор, право на регрес за годишен одмор за сите вработени, стоп за мешање во синдикалното организирање и посебен закон за синдикати.

Сите барања се прогресивни, развојни и мотивирачки. Денес на седница на економскиот социјален совет ќе му ги доставиме на премиерот и се надеваме дека во брзо време овие барања ќе бидат решени“, рече Дарко Димовски, претседателот на ССМ и ги повика синдикалните лидери да влезат на седницата во Влада.

Пред да дојдат ССМ, пред Влада протестираа членовите на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија кои имаат слични барања за унапредување на работничките права.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Српски портали: Инцидент и физичка пресметка пред концертот на Јелена Карлеуша во Скопје

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото