Поранешниот број 1 во светот, Енди Мареј изјави дека не е под притисок по секоја цена да се врати на тенисот, откако претрпе операција претходно оваа година, но ќе се обиде да го направи тоа, ако телото му дозволи такво нешто.
Трикратниот Гренд-слем шампион за време на Отвореното првенство на Австралија во јануари изјави дека постојаната болка во колкот ќе го принуди да го напушти спортот, но минатиот месец откри дека по постапката во јануари веќе не чувствува болка.
– Ја удирам топката од неподвижна позиција, не правев никакво движење, рече Мареј пред „Би-Би-Си“ пред почетокот на лондонскиот маратон денес, каде беше поканет да даде старт на трката кај мажите.
– Не чувствувам притисок да играм повторно, но ако моето тело дозволи, ќе се обидам, додаде Британецот.
Претходно овој месец Мареј објави кратко видео во социјалните медиуми, кое покажува како ја удира топката во ѕид на отворено игралиште, а подоцна пушти и видео клип во кој игра голф.
– Не учествувам болки. Среќен сум и се радувам на животот, додаде Мареј.
Британецот размислува да игра во парови на „Вимблдон“. Гранд-слем турнирот започнува на 1 јули во Лондон.