Во лавината што ги погоди Алпите во западниот дел на Швајцарија, загинаа 4 скијачи од Германија.
Групата ја напуштила планинската колиба во петокот наутро на алпскиот премин на Grinhornlike, соопшти кантонската полиција.
Властите почнаа да ги бараат, откако до вечерта не стигнаа до планинскиот премин, а телата на скијачите беа пронајдени вчера попладне.