Во Скандинавија откажани 600 летови, повеќе од 170.000 патници заглавени на аеродромите

Од:

Поради штрајкот на пилотите на Скандинавиан Ерлајнс веќе втор ден, авио-превозникот откажа 600 летови.

Пилотите на САС во петокот почнаа да штрајкуваат, после неуспешните преговори за зголемување на платите.

Здружението на авијациската индустрија во Шведска соопшти дека пилотите побарале 13 отсто зголемување на платите и покрај фактот што работодавците тврдат дека пилотите веќе имаат високи примања, 93.000 шведски круни месечно (околу 9.000 евра).

Аналитичарите проценуваат дека дневно САС се соочува со 60-80 милиони шведски круни (5,65 до 7,54 милиони евра) загуби, а ако штрајкот трае две недели, трошоците ќе ја надминат очекуваната годишна нето добивка на компанијата.

Би можело да ве интересира

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија

Ана Ололовска

Земјите од Северна Европа ги отфрлија руските предлози за безбедност на континентот

Британска „Тера“ ќе управува со бизнисот на „Мекдоналдс“ во Скандинавија

Наум Локоски

Скандинавските земји не очекуваат промена во односите со САД по изборот на Трамп

Ана Ололовска

Пасошка контрола на данско-шведската граница

Емир Латифовиќ