Договори вредни повеќе од 64 милијарди долари беа потпишани оваа недела на форумот во Пекинг посветен на кинеската иницијатива „Појас и пат“. Тоа го нагласи денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.
Во завршниот говор на форумот, Си порача дека во сите проекти на соработка во рамки на „Појас и пат“ ќе бидат применети пазарни принципи.
Собирот беше посветен на кинеската програма чија цел е обновување на стариот „Пат на свилата“, со кој Кина повторно би се поврзала со остатокот од Азија и Европа.