Северна Кореја стана хит туристичка дестинација

Од:

Во Северна Кореја „процвета“ странскиот туризам, денеска соопштија државните медиуми, на само една недела откако оваа изолирана земја предизвика осуда од целата меѓународна заедница заради изведувањето на третата нуклеарна проба.

Од 2000 година наваму постојано расте бројот на странски туристи во Северна Кореја, а по 2009 година веќе сме сведоци на вистински туристички бум, особено во бројот на посетители од Европа, објавија северокорејските медиуми.

-Цвета светската популарност за туризам во Северна Кореја, наведуваат медиумите без објавување на прегледот за бројот на туристи во последните години.

Спектарот на сјајни социјалистички успеси што се постигнати под водство на владеачкото семејство Ким, го кренаа статусот на Северна Кореја и предизвикаа интерес за патување во нашата земја, наведуваат медиумите.

-Повеќето туристи преку Интернет и другите медиуми дале позитивна оценка за искуствата од патувањето, а бројот на туристичките рути за обиколка на земјата постојано се шири, забележуваат агенциите.

Директните авионски линии на Северна Кореја со другите земји се ограничени, а Кина е главната појдовна точка за повеќето патници кои доаѓаат во Пјонгјанг.

Според сајтот на државниот превозник, компанијата „Ер Корјо“, исто така, се лета и во Чешка, Унгарија, Малезија, Швајцарија, Русија и Тајланд.

Северна Кореја, инаку, не е евтина туристичка дестинација бидејќи во земјата гладна за странска валута од странците се наплатува буквално се и во зголемени износи во долари, од пиво, па се до сместување и такси.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ