Ким: Мирот на Корејскиот Полуостров ќе зависи од САД

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток изјави дека мирот и безбедноста на Корејски Полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

– Ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД, наведе Ким.

КЦНА исто така објави дека Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски