Израелската армија започна истрага на свој војник, кој објавил фотографија преку Инстаграм, каде се гледа глава на палестинско дете која е мета на снајпер.
Фотографијата објавена од 20-годишниот војник Мор Островски предизвика бурни реакции откако беше споделена на другите социјални мрежи.
На неа се гледа младо момче со грбот свртено кон снајперот на пушката, а целната точка на мерната линија е сосема блиску до неговата глава. Оружјето е насочено преку прозорец кон место кое наликува на палестински кварт или село.
– Оваа слика не одговора ниту на вредностите, ниту на етичкиот кодекс на израелските вооружени сили. Претпоставените на војникот се информирани и случајот ќе биде истражен, вети израелската армија.
Извори од безбедносните сили изјавиле дека војникот тврдел дека фотографијата не била направена од него.