Спасовски се сретна со припадниците на Единицата за специјални задачи

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со припадниците на Единицата за специјални задачи кои учествуваа на 11-от Меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC, во периодот 14 до 20 април во Аман, Јордан, информираат од МВР.

Спасовски упати честитки до тимот од ЕСЗ за одличниот успех постигнат во рамки на овој меѓународен петдневен натпревар што беше спроведен во пет дисциплини каде во една од најсложените дисциплини „TOP SHOT“, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он