Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон

Од:

Виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска денеска ќе настапат во Лисабон во концертната сала на палатата „Фоз“, каде што ќе изведат дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси.

Богоевска е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Досега имаше успешни настапи во Виетнам, Малезија, во театарот „Марчело“ во Рим, „Карнеги хол“ во Њујорк и во Париз. Има голем број први награди на меѓународни фестивали и натпревари за класична музика во Санкт Петербург, Сан Ремо, Њујорк, како и Гран-при на интернационалниот фестивал за класична уметност во Израел.

Пијанистката Маја Стојановска, пак, веќе единаесет години живее во Португалија, каде што активно концертира. Работи како професор по пијано на Конзерваториумот во Монтижо.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска