МВР почна да го бара објавувачот на прислушкуваните разговори

Од:

Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство започна да истражува кој ги објавува новите прислушкувани разговори на социјалните мрежи, потврдуваат оттаму за „А1он“.

„Започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР.

Телефонските разговори беа објавени вчера на платофмрата наречена „руски фејсбук“ од корисник со име „Илија громовник“. Потоа, истите беа објавени и на „Јутуб“ мрежата.

Во првиот разговор се слуша гласот за кој што пишува дека е на порнаешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Насловот на аудиото е „Црвенковски ги објаснува ГРЧКИТЕ фирми на Манчевски“. Во друг разговор се слушаат гласовите, за кои што пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу, како разговараат за процесот за лустрација. Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“. Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како се координираат како да настапат пред медиумите.

Утрово пак, беа објавени два нови разговори. Во првиот се слушаат гласови, за кои се тврди дека се на Емил Стојменов и Мартин Протуѓер кои разговараат за ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.  Вторите разговори со наслов „Комитети“ се даваат инструкции за протести пред Собранието.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он