Последни предвидувања пред европските избори за идниот состав на Европарламентот

Од:

Европскиот парламент денеска ја објави третата и последна проекција на кого ќе му припаднат седиштата во следниот парламентарен состав, врз основа на примероци од националните анкети.

Според анкетите, во деветтиот по ред Европарламент, кој ќе има 751 пратеник, Европската народна партии (ЕПП) ќе има 180 мандати или 23,97 отсто, Социјалистите и демократите (СД) 149 пратеници или 19,84 проценти, Алијансата на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ) 76 мандати или 10,12 отсто, Европските конзервативци и реформатори би имале 66 пратенички места или 8,79 проценти, групата Европа на нации и слободи (ЕНФ) и на партиите кои се уште не и припаѓаат на ниту една политичка група во Стразбур по 66 мандати или 8,26 отсто, блокот на Зелените и Слободната европска алијанса 57 пратеници или 7,59 отсто, Обединетата левица би имала 46 места или 6,13 проценти, групата Европа на слобода и директна демократија ЕФДД 45 мандати или 5,99 отсто и 8 места или 1,07 проценти би им припаднале на независни пратеници.

Националните истражувања биле спроведени во 28-те земји членки на ЕУ во периодот до 15 април 2019 година. Овие податоци се базираат на избор на веродостојни истражувања спроведени од страна на националните институти за испитување на јавното мислење во земјите членки.

Податоците од претходната проекција, објавени на 29 март, исто така се ажурирани за да бидат прилагодени со податоци за Велика Британија, врз основа на новото сценарио со одлагање на Брегзит до 31 октомври.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани