Рецитал на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска во Лисабон

Од:

После успешните настапи во Виетнам, Малезија, театарот Марчело во Рим, концертот во Карнеги Хол во Њујорк и успешниот концерт во Париз, виолинистката Ева Богоевска продолжува да концертира и да не претставува во светот.

Имено на 22 април 2019 во концертната сала на Палатата Фоз во Лисабон позната како „Огледална сала“ португалската публика ќе има можност да го проследи рециталот на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска.

Ева Богоевска нашата јавност ја препознава по мноштвото први награди кои ги освои на меѓународните реномирани фестивали и натпревари за класична музика во Санкт Петербург, Русија, Сан Ремо, Италија, Њујорк како и освоеното Гранд При на интернационалниот фестивал за класична уметност во Израел.

Таа е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко.

Нашата реномирана пијанистка и пијано соработник Маја Стојановска веќе единаесет години живее во Португалија,работи како професор по пијано на Конзерваториумот во Монтижо и со голем успех активно концертира во Португалија.

На престојниот рецитал нашите уметници ќе се претстават со дела од Моцарт, Бетовен, Шопен, Дебиси. Концертот ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура на РСМ.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска