„Паметна“ табла ги замени кредата и сунѓерот

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Веќе во 66 училишта низ Македонија се користат интерактивни електронски табли, кои се всушност компјутерски монитори осетливи на допир.

Електронските табли ги промовираа денеска министерот за образование и наука, Панче Кралев, и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Даниел Сас, во основното училиште „Кирил и Методиј“.

– Учениците позитивно реагираат на овие интерактивни табли, а од реакциите и на наставниците станува збор за еден проект кој наиде на огромна поддршка во сите училишта каде беше овозможен. Нашата цел како Министерство за образование и наука е да продолжиме и во иднина со новата технологија во училниците во Македонија, изјави министерот Кралев на денешната официјална промоција на интерактивните табли.

tabla_interaktivna_ucilisnaТаблите се донација од Телеком и сега ги има во 54 основни и 12 средни училишта, а чини 165 илјади евра.

Обуката за нивно користење ја поминале околу 130 наставници. За интерактивната табла се користи видео проектор, како и соодветна компјутерска програма поставена на компјутерот кој го употребува професорот.

Кога нема презентација на компјутерски подготвена содржина, таблата се користи како обична бела табла на која може да се пишува со фломастер.

Се очекува сите табли да бидат заменети од интерактивни табли.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование